Осака: Само сакав Серена да ме запомни

Од:

Јапонската тенисерка Наоми Осака истакна дека поради Серена Вилијамс почнала да игра тенис и дека дуелот и победата над Американката е остварување на нејзиниот сон.

Шампионката од Индијан Велс ја совлада една од најдобрите тенисерки на сите времиња во првото коло од Мастерсот во Мајами.

– Поради неа се одлучив да играм тенис, така што ова е остварување на мојот сон. На неа се огледувам и често се прашувам што Серена би направила. Само сакав Серена по натпреварот да знае која сум јас, истакна јапонската тенисерка.

Таа не го криеше одушевувањето и додаде дека Серена по натпреварот на мрежата и рекла дека „завршила добра работа“.

– Се надевам дека ќе продолжам со добрите игри и во Мајами и зошто да не освојам уште еден Мастерс трофеј, нагласи 20-годишната Јапонка.

Осака оваа сезона игра во одлична форма и има само четири порази, а во второто коло во Мајами ќе се соочи со четвртата носителка Украинката Јелена Свитолина.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари