Одличен почеток на годината за Мареј

Од:

Поранешниот број 1 во тенисот, Енди Мареј ја започна новата година со победа. Шкотот го победи Австралиецот Џејмс Дакворт со 6:3, 6:4 во натпревар од првиот круг на турнирот во Бризбејн.

Претставникот на домаќинот направи брејк во шестиот гем на првиот сет, но веднаш го врати. Двократниот шампион на „Вимблдон“, сепак, го освои следниот сервис гем и веднаш потоа и првиот дел. Дакворт, кој е 234-ти во светот, беше рамноправен во поголемиот дел од вториот сет, а дури имаше и четири шанси да направи брејк во вториот гем. Мареј сепак се справи подобро и го заврши натпреварот за помалку од 90 минути.

За Британецот, тоа беше прва победа од септември, откако го повреди бутот што ја ограничи неговата мината сезона на шест турнири. Мареј е двократен шампион во Бризбејн, каде што нема пораз, а денес тој ја забележа десеттата последователна победа.

Шкотот објасни дека чувствувал болка во бутот, но таа не му пречела на играта.

– Денес имаше моменти во кои не се чувствував удобно, но не до тој степен, што ги ограничува моите удари или движењето во поголем дел од натпреварот, изјави Мареј по мечот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ