Од понеделник ќе може да се купи билет за натпреварот помеѓу Македонија и Косово

Од:

Влезниците за мечот помеѓу Македонија и Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне во понеделник.

Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно, 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20.45 ч.) на арената „Тоше Проески“ кој е прогласен за високоризичен.

Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта.

Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови е планиран седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на „Исток“.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ