Објавена прогнозата за Мундијалот – кој ќе биде победник?

Од:

Специјализираниот сајт „The Analyst“ направи прогноза за победникот на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Овој сајт кој се занимава со спортски анализи објави резултати кои изненадија многумина, а за прв фаворит е прогласен актуелниот светски шампион Франција.

На „триколорите“ им се даваат 17,93 проценти шанса да ја одбранат титулата, што на никој не му успеало од 1962 година односно од двојната титула на Бразилците.

На второ место е Бразил со 15,73 отсто шанси, а трети се Шпанците кои имаат 11,53 отсто шанси да ја подигнат „златната божица“.

Потоа следуваат Англичаните, Белгијците, Холанѓаните, Германците и Аргентинците, а првите 10 фаворити ги комплетираат Португалците и Хрватите со 2,31 отсто.

Србија е само на 22 место со 0,24 отсто шанси.

Пред неа се Швајцарците кои се во иста група со „орлите“, Иран, Јапонија, Велс, па дури и домаќинот Катар и Кореја.

Би можело да ве интересира

Предупредување до Катар дека може да остане без Мундијалот

Предраг Петровиќ

Легендарни имиња ќе ги одредат групите за СП

А1он

Катар ќе го отвори шестиот стадион изграден за Светското првенство 2022 година

А1он

Венгер предлага Светско првенство на секои две години

Жарко Настоски

Крај на сагата околу Манџукиќ, дефинитивно се сели во Катар

Татјана Ташкова

Катар домаќин на Купот на Заливот без учество на три држави кои бојкотираат

Ана Ололовска