Сенегал-Холандија дерби на вториот мундијалски ден

Од:

Три натпревари ќе се одиграат на Светското првенство во Катар, кое вчера започна со лесна победа на Еквадор над домаќинот на турнирот (2:0).

Денес ќе биде комплетирано првото коло во А-групата и ќе се одиграат двата натпревари во Б-групата.

Во 17 часот, во А-групата Холандија за противник ќе го има африканскиот шампион, Сенегал. Двата тима ќе бидат без најдобрите стрелци. Мемфис Депај поради повреда на бутниот мускул нема да биде во составот на Холандија, додека Сенегалците на Мундијалот се без Садио Мане.

“Ние ќе бидеме без Депај, тој нема да игра. Сенегал мора да игра без Садио Мане. Ќе биде интересно да се види како двете селекции ќе ги решат проблемите”, изјави холандскиот селектор Луј Ван Гал.

Натпреварите во Б-групата ќе се одиграат во термините од 14 и 20 часот.

Англија е апсолутен фаворит против Саудиска Арабија, додека многу повеќе неизвесност се очекува во пресметката помеѓу САД и Велс.

Би можело да ве интересира

Предупредување до Катар дека може да остане без Мундијалот

Предраг Петровиќ

Објавена прогнозата за Мундијалот – кој ќе биде победник?

Предраг Петровиќ

Крај на сагата околу Манџукиќ, дефинитивно се сели во Катар

Татјана Ташкова

Катар домаќин на Купот на Заливот без учество на три држави кои бојкотираат

Ана Ололовска

Чави: Системот во Катар функционира подобро отколку во Шпанија

Ана Ололовска

Селекторот на Катар: Дојдовме да играме фудбал, не да се сликаме со Меси