Предупредување до Катар дека може да остане без Мундијалот

Од:

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино му се закани на Катар дека ќе остане без Мундијалот доколку не покаже гостопримство кон сите навивачи.

Инфантино примарно мисли на ЛГБТ популацијата чии членови се плашат за својата безбедност на Светското првенство, имајќи предвид дека хомосексуалноста во Катар е забранета со закон.

„Ако Катар не сака да покаже гостопримство кон сите, тој нема да биде организатор на Светското првенство. Светското првенство е настан кој ги зближува сите луѓе“, рече Инфантино на бизнис форумот во Доха.

Инфантино зборуваше и за расизмот како негативна појава која се уште е присутна во фудбалот.

“Во последните неколку големи натпреварувања, повеќе од 50 проценти од играчите беа навредувани, тоа е голема бројка. Сега е многу полошо. Социјалните мрежи денес се користат за расно мотивирани навреди и дискриминација. Ќе продолжиме да ги бараме и блокираме секој што ги навредува играчите на социјалните мрежи“, истакна Инфантино.

Светското првенство во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември.

Би можело да ве интересира

Објавена прогнозата за Мундијалот – кој ќе биде победник?

Предраг Петровиќ

Легендарни имиња ќе ги одредат групите за СП

А1он

Катар ќе го отвори шестиот стадион изграден за Светското првенство 2022 година

А1он

Венгер предлага Светско првенство на секои две години

Жарко Настоски

Крај на сагата околу Манџукиќ, дефинитивно се сели во Катар

Татјана Ташкова

Катар домаќин на Купот на Заливот без учество на три држави кои бојкотираат

Ана Ололовска