Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ испадна уште во првото коло откако наиде на расположениот Хуан Мартин дел Потро.
Аргентинецот играше како во транс, и со 7:6, 7:6 го остави Ѓоковиќ без второто коло.
Ѓоковиќ му пријде со насмевка на Аргентинецот и му честиташе за победата, но кога се сврти и замина кон соблекувалната почна да плаче.
Ниту Дел Потро не можеше да ги сокрие солзите, му пријде на Ѓоковиќ, ја намали еуфоријата од победата со цел да не предизвика уште поголема емотивна реакција.
Del Potro in tears on the court. Djokovic sobbing as he leaves it. That mattered, big time. https://t.co/79icSqx4ji
— Alistair Walker (@AliWalker24) August 8, 2016