Ѓоковиќ го одбрани трофејот во Доха

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои првиот трофеј во 2017 година, откако вечерва го освои „Катар Опен“.

dobivaj vesti na viber

Вториот светски рекет беше подобар во Доха од во моментов најдобриот планетарен тенисер Енди Мареј (Велика Британија) во меч кој траеше речиси три часа.

Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:3, возврати Мареј со 7:5, а во решавачкиот трет сет Србинот беше подобар со 6:4.

За Ѓоковиќ ова беше 67. АТП трофеј, воедно и 25. победа во 36. меѓусебен дуел со Мареј.

Би можело да ве интересира

Нишикори за претстојниот дуел Ѓоковиќ: Повеќе би сакал да играм со некој послаб

А1он

Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

А1он

Косовски амбасадор до Ѓоковиќ: Примитивец, заостанат балкански националист

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ меѓу седуммината најдобри во историјата на УС Опен

Предраг Петровиќ

Новак со солзи заминува од Рио, заплака и Дел Потро

Предраг Петровиќ