Нишикори за претстојниот дуел Ѓоковиќ: Повеќе би сакал да играм со некој послаб

Од:

Јапонецот Кеи Нишикори не е многу одушевен од тоа што во третото коло на УС Опен ќе игра со Новак Ѓоковиќ. Во меѓусебните средби тој губи со 2:17, а една од двете победи против Србинот му е во 2014 година во полуфиналето во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

– Тој е еден од најдобрите, еден од најтешките противници. Се разбира, повеќе би сакал да играм со некој послаб. Од друга страна, сакам предизвици. Иако статистиката е лоша, јас се обидувам да бидам позитивен. Секако, натпреварот ќе биде тежок, но јас ќе дадам се од себе. Неговата најголема сила е контролата на топката. Може да погоди насекаде од двете страни. Во споредба со другите, Ѓоковиќ помалку греши, најдобар е на светот. Се разбира, нема да бидам фаворит и навистина не сакав да играм со првиот светски рекет во третото коло, но што е тоа е, изјави Нишикори.

Мечот Ѓоковиќ – Нишикори треба да се одигра утре попладне околу 17 часот по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

Нишикори повторно позитивен на тестот за коронавирус

Ана Ололовска

Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

А1он

Косовски амбасадор до Ѓоковиќ: Примитивец, заостанат балкански националист

Предраг Петровиќ

По триумфот над Федерер, Нишикори го доживеа најтешкиот пораз во кариерата

Наум Локоски

Ѓоковиќ го одбрани трофејот во Доха

Ѓоковиќ меѓу седуммината најдобри во историјата на УС Опен

Предраг Петровиќ