Објавен извештај за наместени борби на олимпискиот турнир во бокс во Рио 2016

Од:

Олимпискиот и боксерскиот свет е шокиран по извештајот на канадскиот спортски адвокат Ричард Мекларен во кој се тврди дека на Олимписките игри одржани 2016 година во Рио де Женеиро бил наместен исходот на најмалку десет боксерски дуели.

Канадскиот адвокат, кој стана познат пред неколку години по истражувањето за вмешаност на државниот врв во Москва во злоупотреба на допинг средства од страна на руски спортисти, овој пат истрагата ја спроведе на барање на Меѓународната боксерска федерација (AИБА), која изминатите неколку години е цел на критики за корупција и манипулации.

Меѓународниот олимписки комитет ја суспендираше Светската боксерска федерација во мај 2019 година и самата го организираше боксерскиот турнир на Игрите во Токио ова лето.

– Системот на корупција бил воспоставен од порано при што постојат индиции дека сè започнало на натпреварувањата во 2011 година, а продолжило на Олимписките игри во Лондон 2012. AИБА има долга историја на корупција и манипулации, се наведува, меѓудругото, во извештајот на Мекларен.

Во него се наведуваат детали за начинот на кој биле местени боксерски натпревари, при што се истакнува дека клучна улога во тоа имале судиите, кои за таа цел користеле и посебен знаковен јазик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

На Надал му е забранет настапот во Париз

Предраг Петровиќ