Нашите фудбалери ќе го гледаат Симон Трпчевски во живо во Букурешт

Од:

Македонскиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт, на кој специјални гости ќе бидат македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб.

Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.

Трпчески е верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 ја сподели со фотографии од трибините на Националната арената во Букурешт преку својот Твитер профил.

Македонските фудбалери утре со почеток од 15 часот на националната арена во Букурешт против Украина го играат вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020.

Би можело да ве интересира

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Симон Трпчевски и Македонисимо на 26 август во Секирник, струмичко

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски