На Вимблдон ќе се комплетира второто коло во двете конкуренции

Од:

На терените на Вимблдон попладнево планирано е да се одиграат по 16 мечеви во двете конкуренции (мажи и жени).

Свој настап ќе имаат првата носителка Анжелик Кербер, како и шампионите на овој турнир Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, а внимание ќе привлечат и мечевите на Каролина Плишкова, Милош Раониќ, Хуан Мартин Дел Потро,…

На синоќа одиграните дуели Рафаел Надал го победи Доналд Јанг со 3-0 во сетови, а со истиот резултат ланскиот шампион Енди Мареј беше поуспешен од Дастин Браун.

Пласман во третото коло обезбедија и Кеи Нишикори, Марин Чилиќ, Жо Вилфред Цонга.

Кај жените по голема борба Британката Џоана Конта ја совлада Дона Векиќ со 2-1 во сетови, а тешко до триумфот дојде и петкратната победничка на Вимблдон Венус Вилијамс.

Во третото коло се пласираа од фаворитките уште: Доминика Цибулкова, Викторија Азаренка и Симона Халеп, додека елиминирани се: Петра Квитова, Елена Веснина и Медисон Кејс.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ