На Вимблдон годинава ќе се игра за помалку пари

Од:

Наградниот фонд за годинешното издание на грен-слем турнирот во Вимблдон е намален и победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,4 милиони долари, што е за речиси 28 отсто помалку во споредба со 2019 година.

Како што соопштија организаторите на лондонскиот тениски турнир, намалувањето на наградниот фонд, пред сè, се должи на редуцираниот број гледачи што ќе биде дозволен на трибините, како и задолжителните ковид тестови за тенисерите и нивните делегации.

Вкупниот награден фонд е намален за 5,2 отсто.

Во 2019 година изнесуваше 52,1 милиони долари, а годинава ќе изнесува 49,5 милиони долари.

Лани турнирот не беше одржан поради пандемијата на коронавирус, а годинешното издание почнува на 28 јуни.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ