МЗТ Скопје стартува во Еврокупот

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се наоѓа во литванскиот град Паневезис, каде вечер од 18 часот, против Лиеткабелис  ќе ја отвори сезоната во Еврокупот, второто по квалитет клупско континентално натпреварување.

Противникот на „штрковите“ оваа сезона драстично се засили и е предводен од браќата Кшиштов и Дарјуш Лавриновиќ, кои зад себе имаат повеќе од импресивна европсaка кариера. Тренерот Казис Максвитис на располагање има и двајца Американци и еден Австралијанец, што е само потврда на високите амбиции на Лиеткабелис сезонава.

Оде друга страна, МЗТ Скопје уште пред почетокот најави дека средбите од Еврокупот ќе ги искористи за стекнување искуство. Македонскиот првак во дуелот влегува по серијата од четири порази во АБА-лигата, поради која оставка поднесе доскорешниот тренер Емил Рајковиќ, а раскинат беше договорот со Џеремаја Мејси и со Тори Томас. Новоангажираниот Стефан Синовец уште на првиот меч против Цибона покажа дека ќе биде големо засилување, поради што од него се очекува уште подобра игра за средбата во „Цидо арената“ во Паневезис.

– И пред три години, кога дебитиравме во Еврокупот, бев дел од МЗТ Скопје Аеродром, поради што добор знам каков предизвик не очекува. Тогаш дури играа многу повеќе екипи во Евролигата и во Еврокупот, за разлика од сега кога има само 16 тима во првото, а 20 во второто ниво од натпреварувањата на УЛЕБ. Тоа носи поголема концентрација на квалитетот, а со тоа и далеку потешка задача за нас. Лиеткабелис е тимот против кого ќе ја бараме шансата за победи вредни Топ 16-фаза, но нема да биде лесно бидејќи ја знаеме нивната сила и начинот на кој ја отворија новата сезона, со победата над Жалгирис и силен отпор против Литвос ритас. Ние, пак, сме во серија од четири порази, но играта прикажана на дуелот со Цибона ни покажа дека можеме далеку подобро од прикажаното, изјави тренерот Александар Јончевски.

Покрај овој натпревар, во А групата во 1.коло вечерва ќе играат и шпанската Гран Канарија со загрепска Цедевита, додека тимот на Нижни Новгород е слободен во ова коло.

Во оваа конкуренција од пет екипи, само последно пласираната нема да обезбеди пласман во следната рунда „Топ 16“ во која ќе играат и четирите најдобро рангирани од останатите три групи.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ