МЗТ Скопје без победа ги заврши настапите во Еврокупот

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз на гостувањето кај шпанска Гран Канарија (75:87) го завршија настапот во Еврокупот, во кој на крајот запиша осум порази.

Македонскиот шампион одигра солиден меч против силниот противник, иако на овој дуел настапи без Ксавиер Темс, Стефан Синовец и Џош Скот. Избраниците на тренерот Анте Назор погодија седум тројки, а на крајот дури имаа и повеќе скокови од шпанскиот тим (31-30). Домаќинот постојано беше во водство, но ниту еднаш не обезбеди предност поголема од 15-16 поени, која набрзо беше намалувана и на едноцифрена позитива.

Јуре Лалиќ со 15 поени беше најпрецизен, Ѓорѓе Дреновац реализира 13, но играчот на мечот во таборот на МЗТ Скопје Аеродром беше македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски, кој средбата ја заврши со 11 поени и шест скока и тоа сите во фазата на нападот.

Завршувањето на обврските во Еврокупот ќе донесе големо поредуциран распоред во продолжението од сезоната за аеродромци кои сега помалку ќе патуваат и играат, а ќе имаат повеќе време за тренирање и подготвување за обврските во АБА-лигата. „Сино-белите“ во Скопје ќе се вратат доцна вечер, по што ќе имаат само еден ден на располагање пред пресметката со Црвена звезда в сабота на домашен терен.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ