Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Од:

Црвена звезда решително ја започна новата сезона, веќе потпишаа договор со Дејан Давидовац, а како што пренесуваат српските медиуми, нов кошаркар на клубот од Мали Калемегдан ќе биде и Милош Теодосиќ, кој по долги години ја прифатил понудата да се врати во Србија.

Долги години се зборува и шпекулира за потенцијалното враќање на Милош Теодосиќ во српската кошарка и дека конечно ќе го облече дресот на клубот на кој е навивач уште од мал – Црвена звезда.

Во неколку наврати се водеа преговори, но плејмејкерот не пристигна во Белград, не го облече црвено-белиот дрес. Беше исклучително блиску во 2019 година, кога се врати од НБА, но потоа реши да замине во Болоња, каде потпиша со Виртус, каде што помина четири години. Договорот истече, а сега е време за „враќање“.

Како што дознават српските медиуми, Теодосиќ ја прифатил понудата на Црвена звезда која му понудила едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Она што допрва може да се слушне е дека Теодосиќ ќе добие посебна улога, каде треба да помогне во развојот на Никола Топиќ.

Иако е во подоцнежните години, Теодосиќ има уште многу да покаже, што се виде и во претходната сезона, каде во Евролигата играше за Виртус, и имаше просек од 11,7 поени, 4,9 асистенции и 2,3 скока по натпревар.

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим