Меси го критикуваше Реал дека дозволил Роналдо да си замине

Од:

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, го прокоментира заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Како што е познато, португалската ѕвезда минатото лето премина во Јувентус, по 9 години во Мадрид.

– Пред почетокот на сезоната го прокоментирав тоа и Реал беше лут, но тоа е вистина. Како може да пуштиш играч, кој одбележува по 50 гола на сезона? Како резултат на тоа со Реал се случи она што би се случило со секој тим, од кој Кристијано заминува, тврди аргентинскиот гениј, цитиран од АС.

Тој додаде дека освојувачот на пет „Златни топки“ недостасува на Ла Лига.

– Најсилните играчи ја прават лигата поконкурентна. Беше одлично, кога тој играше тука, бидејќи со него секоја година се обидувавме да напредуваме, додаде ѕвездата на Каталонците.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ