Ливерпул ги замоли фановите да не се собираат пред „Енфилд“ за доделувањето на титулата

Од:

Фудбалскиот клуб Ливерпул се приклучи на апелот на полицијата и градските власти и ги замоли своите фанови да го следат доделувањето на шампионскиот трофеј во Премиер лигата од дома и да не се собираат пред стадионот „Енфилд“.

Ливерпул го освои првенството оваа сезона, за првпат по 30 години. Трофејот ќе му биде претставен на тимот в среда по натпреварот со Челзи на „Енфилд“.

Клубот, надлежните и здружението на навивачи ги предупредија приврзаниците на Ливерпул дека собирот среде пандемијата продолжува да претставува голема закана за локалните заедници.

Телевизијата Скај Спортс ќе го емитува натпреварот и доделувањето на трофејот бесплатно.

– Клупските и телевизиските компании внимателно се подготвија да обезбедат милиони луѓе да уживаат во овие специјални моменти, на екранот, во удобноста на своите домови. Во оваа пригода, најдобро место во куќата е дневната соба. Едноставно нема корист од доаѓањето на стадионот, затоа што ние како град не можеме да дозволиме луѓето да се соберат во голем број, се наведува во објавата на надлежните, пренесе „Скај“.

Полицијата предупреди дека ќе бидат преземени „дополнителни мерки“ за растурање на навивачите, доколку не се следат упатствата.

Илјадници навивачи се собраа минатиот месец пред „Енфилд“ кога Манчестер Сити загуби од Челси, што му донесе титула на Ливерпул.

Фудбалерите на Ливерпул ќе бидат претставени со трофејот на специјално изграден подиум на „Коп“, опкружен со знамиња на навивачи.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ