Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

Од:

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп, откако вечерва во финалето го совладаа Челзи по продолженија со 1:0.

Стрелец на единствениот гол на „Вембли“ беше Холанѓанецот Вирџил Ван Дијк, кој по корнер со глава го совлада одличниот српски голман Ѓорѓе Петровиќ.

Во 60. минута Ван Дијк имаше речиси идентичен удар со глава поништен од ВАР поради офсајд на Јапонецот Ватару Енда.

Ливерпул одигра десеткувано (без Салах, Собослај, Алисон, Нуњез, Јота, Александер-Арнолд…), а херој заедно со Ван Дијк беше одличниот голман Каомин Келехер, кој имаше неколку фантастични интервенции.

Од друга страна, и Петровиќ одлично бранеше, но сепак „капитулираше“ во 118. минута.

Ова е јубилеен, а воедно и рекорден 10-ти трофеј на Ливерпул во Лига купот.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

Ливерпул дава 300 милиони за Мбапе