ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Од:

Во Ливерпул попладнево избувна голем пожар во незавршена четирикатна зграда која може да се урне. Евакуирни се луѓето од околните згради.

Како што јавија локалните медиуми, чад се издигнал над зградата и почнал да се шири низ градот.

Околу десетина екипи присуствуваа на местото на настанот, а пожарникарската и спасувачката служба Мерсисајд соопшти дека зградата „покажува знаци на колапс“ и дека околните жители се евакуирани.

Полициски кордон е поставен, а областите на улиците се делумно блокирани и сообраќајот е пренасочен.

Пожарникарите ги предупредија луѓето да се држат настрана од местото на настанот. Пожарот може да се види со километри наоколу, објави Мирор.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

Ливерпул дава 300 милиони за Мбапе