Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека не е задоволен од арбитражата по натпреварот во кој неговите црвени одиграа 1:1 со Манчестер Сити во дербито во Премиер лигата.

Имено, германскиот стручњак смета дека неговиот тим е оштетен за очигледен пенал, кога Џереми Доку во сопствениот шеснаесетник го удри Алекс Мек Алистер.

“Не знам за што размислува човекот во ВАР собата. Што јадевте за ручек кога мислите дека тоа не е пенал. Не сум лут, но тоа беше очигледна ситуација”, изјави Клоп.

Сепак, Германецот е задоволен од играта на својот тим и покрај ремито по кое Арсенал застана на врвот на табелата.

Против Манчестер Сити ги одигравме најдобрите 53 минути досега. Покажавме дека можеме да продолжиме“, изјави Клоп.

Инаку, на 10 кола пред крајот, Арсенал и Ливерпул имаат по 64 бода, па дефинитивно се очекува драматичен крај на сезоната.

Тимот од Лондон има подобра гол разлика, додека бод помалку има Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Сити подобар од Кристал Палас, изедначен со Ливерпул на врвот на табелата

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Горан Наумовски

Ечевери потпиша за Манчестер Сити