Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Од:

Ливерпул е во преговори со Пари Сен Жермен за сензационалната позајмица на Килијан Мбапе, пренесува британски Мирор.

Според информациите, ПСЖ е лут што францускиот фудбалер ја одбил понудата на Ал Хилал вредна 700 милиони евра, на која клубот од Париз се согласил.

Наводно, Ливерпул е подготвен да му понуди на Мбапе едногодишна позајмица за да го напушти ПСЖ, што подоцна ќе му овозможи трансфер во Реал Мадрид.

Мбапе често беше фален од менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп и тој и неговите претставници разговараа за трансфер со Ливерпул пред да одлучи да се приклучи на ПСЖ, кога реши да го напушти Монако.

Би можело да ве интересира

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ