Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Од:

Синоќа фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Монако со 5:2 во феноменалното дерби од француската Лига 1, а Килијан Мбапе имаше посебен детал на дресот.

Фантастичниот напаѓач на клубот од Паркот на принцовите на оваа игра носеше беџ над своето презиме на дресот, што го привлече вниманието на навивачите бидејќи го немаа другите фудбалери.

Французите објаснија дека ова е новина воведена од локалната фудбалска асоцијација, бидејќи отсега најдобриот стрелец на лигата ќе го носи овој беџ на натпреварите.

Моментално тоа е Мбапе со 14 гола, а двојно помалку (7) има Акор Адамс од Монпелје. Како што стојат работите, беџот би можел да остане на дресот на Мбапе долго време, веројатно до крајот на сезоната.

На синоќешниот натпревар Мбапе постигна еден гол, а стрелци беа Гонкало Рамос, Усман Дембеле, Витиња и Рандал Коло Муани.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ