Килијан Мбапе потпиша за Реал

Од:

Килијан Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид, ексклузивно објави најпознатиот фудбалски новинар во светот Фабрицио Романо. Мбапе во Реал пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ, а треба да потпише петгодишен договор.

Романо наведува дека трансферот ќе биде официјализиран во текот на неделата, а допрва ќе се чека претставувањето на Мбапе.

Двете страни се договориле францускиот напаѓач да се појави во Мадрид на 15 или 16 јули, откако ќе го заврши настапот на Европското првенство со Франција, без разлика до каде ќе стигнат Триколорите во натпреварот на најдобрите европски селекции.

Мбапе го залуди фудбалскиот свет во 2016 година кога како 18-годишник одлично се снајде во дресот на Монако, кој го предводеше до шампионската титула во сезоната 2016/2017, а веќе во 2017 година беше купен од ПСЖ за цели 180 милиони евра.

Тој продолжи да се истакнува во дресот на парижаните и по седум сезони ќе се пресели во Реал Мадрид.

Веќе беше откриено дека Мбапе купил вила во главниот град на Шпанија, а тоа го направил за 11 милиони евра од поранешниот фудбалер на Реал, Герет Бејл.

Вилата се простира на 1.200 квадратни метри и има седум спални соби и дури 11 бањи, а има и терени за фудбал, кошарка и голф, домашно кино и паркинг места за шест автомобили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Предраг Петровиќ

Санирана е повредата на Мбапе, нема потреба од итна операција

Горан Наумовски

Мбапе и официјално потпиша за Реал Мадрид, познато е и кој број ќе го носи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Крос се прости од навивачите на Реал и заплака: Се држев, но тоа ме дотепа