Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Од:

Европскиот шампион Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво откако минатиот месец ја ангажираше француската ѕвезда Килијан Мбапе.

Реал за десет дена ќе го пречека Ваљадолид во првиот домашен натпревар оваа сезона, а за да го гледаат 25-годишниот напаѓач и неговото друштво треба да се потрошат помеѓу 95 и 210 евра.

Ваљадолид се врати од втората лига, а за игра против ваков противник на Сантијаго Бернабеу минатата сезона требаше да се издвојат најмалку 55 евра.

Мбапе пристигна на слободен трансфер откако му истече договорот со француски ПСЖ, а Реал не ја соопшти неговата плата.

Сепак, тимот е полн со бројни други меѓународни ѕвезди, како што се 21-годишниот Џад Белингем и 23-годишниот Винисиус Јуниор.

Иако последниве години гледањето такви фудбалери во живо беше скапо за просечниот фудбалски љубител во Мадрид, никогаш не било како сега.

Годишниот билет за најевтиниот дел од стадионот чини 650 евра, што е зголемување за 50 евра во однос на минатата сезона, додека годишната претплата за поскапиот дел е 1.650 евра, а претходно изнесуваше 1.500 евра.

Во меѓувреме, челниците на клубот се убедени дека трибините ќе бидат исполнети и покрај незадоволството од поскапувањето.

Би можело да ве интересира

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ

Барселона го загуби судскиот спор против Зенит

Предраг Петровиќ

Примија смешен гол, па славеа на „Максимир“

Предраг Петровиќ

Србија оствари победа над Швајцарија во Лесковац

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо