Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

Од:

На репрезентативниот собир поради наводна повреда отсуствуваше францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, иако Французинот настапи на последниот натпревар на Реал пред репрезентативната пауза.

Во исто време додека неговите соиграчи играа натпревар од Лигата на нации против Израел, Мбапе беше во Стокхолм каде се релаксираше со пријателите и уживаше во слободното време.

Фудбалерот на Реал го посети ресторанот Чез Џоли пред да се упати кон ноќниот клуб каде што шведските колеги го „уловија“ на забава.

Во негова одбрана излезе тренерот на триколорите, Дидис Дешам, кој истакна дека има полесна повреда и дека не сакаат да ризикуваат со него.

“Не се сомневам во посветеноста на Килијан за репрезентацијата, но тој не беше во најдобра состојба на последниот собир. Има проблем кој не е сериозен, но му треба третман за целосно да закрепне. Не сакавме да преземеме никаков ризик и затоа Килијан не е тука“, објасни селекторот Дешам за неговото отсуство од националниот тим.

Инаку, триколорите без Мбапе го победија Израел во Будимпешта, беше 4:1, а Французинот ќе се врати на теренот во дресот на Реал Мадрид на натпреварот против Селта Виго на 19 октомври.

Би можело да ве интересира

Мбапе ослободен од обвиненијата за наводно силување во Стокхолм

Дербито Ливерпул-Евертон е одложено

Сите возачи на Формула 1 заедно на вечера: Се знае кој платил и колкав бил цехот

Предраг Петровиќ

Новото бразилско чудо од дете се сели во Челзи, Роналдо тврди дека „Естевао е талентиран како Јамал“

Предраг Петровиќ

Позираше за време на мечот додека ја гушеше својата ривалка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ