Лапорта: Ни требаат четири победи за титулата, верувам во тимот

Од:

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ги сподели своите размислувања за борбата за титулата во Ла Лига, откако каталонскиот клуб ја победи Валенсија (3:2) во 34. коло од шпанскиот шампионат.

– Пред натпреварот против Валенсија, веќе реков: сигурни сме дека ќе ја освоиме Ла Лига ако победиме на петте преостанати натпревари. Сега не останаа пет, туку четири. Ако ги добиеме, ќе го земеме трофејот. Верувам во тимот. Не само Меси, туку целиот том одигра одлично против Валенсија, изјави Лапорта.

Во преостанатите кола од шпанскиот шампионат, Барселона ќе се соочи со Атлетико Мадрид, Леванте, Селта и Еибар.

По 34 кола лидер на табелата е Атлетико Мадрид со 76 бода, Реал Мадрид е втор со 74, исто толку има и третопласираната Барселона, четврта е Севилја со 70 бода. Овие четири екипи се со шанси на крајот да стигнат до трофејот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ