„Лајпциг“ се соочува со обвинувања за расизам откако од меч отстрани Јапонци

Од:

Германскиот фудбалски клуб Лајпциг е мета на критики и обвинувања за расизам, откако во јавноста излезе информација дека припадници на редарската служба, постапувајќи по дадени инструкции, отстраниле група од 20-тина Јапонци од трибините за време на меч во Бундеслигата.

Јапонците биле отстранети од стадионот со изговор „дека се ризична група и потенцијални преносители на коронавирус“ што наиде на остри осуди во германската јавност кои не беа ублажени ниту со клупското соопштение.

„Клубот само постапи по препораки на Институтот „Роберт Кох“. Персоналот кој се грижеше за безбедноста на стадионот ја интензивира проверката на одредени групи за кои постоеше сомнеж дека претставува ризик по останатите навивачи“, е наведено во соопштението на Лајпциг.

За жал, се додава во дописот на „биковите“, „направена е грешка од клубот кон јапонските гости на кои се извинуваме“. Но, извинувањето, сепак, не ги намали тензиите кај одредена дел од јавноста за таквиот потег на Лајпциг.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ