Квитова го освои турнирот во Бирмингем

Од:

Петра Квитова од Чешка триумфираше на турнирот во Бирмингем што се игра на тревната подлога. Ова за неа е прва турнирска победа откако во декември минатата година во нејзиниот стан беше физички нападната со ладно оружје од провалник.

Квитова до титулата стигна со победата во финалето над Ешли Барти од Австралија со 2-1 во сетови. Таа воедно направи и пресврт во финалето бидејќи Барти го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а следните два и припаднаа на Квитова со 6:3 и 6:2.

Квитова има два триумфа на Вимблдон, Грен слем турнирот што почнува на 3.јули и се игра на тревната подлога.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ