Конфликт за организација на Белградскиот маратон

Од:

За околу два месеци треба да се одржи 26-от Белградски маратон, а Градот и компанијата „Белградски маратон“ се тркаат кој да го организира овој настан.

Генералниот секретар на Атлетската федерација на Белград (ASB), Никола Пениќ изјави дека федерацијата потпишала договор со Агенцијата за спорт и млади, по што станал новиот организатор на Белградскиот маратон. Меѓутоа во компанијата „Белградски маратон“ тврдат дека веќе се подготвувааат за целиот настан и само тие се овластени за него.

– Фирмата „Белградски маратон имаше договор до декември 2012 година. Тој договор истече на 18ти јануари и они се известени дека организацијата за маратонот веќе не е во нивна надлежност, вели Пениќ.

Тој нагласи дека градоначалникот Драган Џилас лично наредил градската Агенција за спорт и млади да потпише договор со ASB како нови организатори на Белградскиот маратон.

Меѓутоа, од фирмата „Белградски маратон“ не се откажуваат од организацијата на целиот настан.

– Белградски маратон Д.О.О. веќе со месеви активно работи на организација на 26-от Белградски маратон во сите сегменти на овој најзначаен спортски настан во градот. Најавивме дека промотер ќе биде Карл Луис, еден од најдобрите светски спортисти. Исто така, во постојан контакст сме со сите меѓународни атлетски организации каде Белградски маратон Д.О.О. е долгогодишен член, стои во соопштението.

Од фирмата нагласуваат дека само они се овластени да го организираат Белградскиот маратон, притоа додаваат дека манифестацијата е интелектуална сопственост на Белградски маратон Д.О.О.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија