Клоп: Ливерпул нема да се засилува со невакцинирани фудбалери

Од:

Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека невакцинираните фудбалери претставуваат здравствен ризик за општеството, додавајќи оти е малку веројатно неговиот клуб да се засилува со играчи, кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.

– Доколку играчот воопшто не е вакциниран, тој е постојана закана за сите нас … Не сме блиску до тоа да потпишеме со некое засилување, но размислував за тоа и (вакцинирањето) ќе влијае на трансферите, изјави Клоп.

Претходно и тренерите на Астон Вила, Стивен Џерард, и на Кристал Палас, Патрик Виера, исто така, порачаа дека статусот на вакцинираност на играчите ќе биде еден од условите од кои ќе зависат трансферите на нивните екипи во јануарскиот преоден рок.

Според податоците на Премиер лигата од октомври, процентот на фудбалери вакцинирани со две дози изнесува 68 отсто, но во понеделникот Лигата објави рекордни 42 случаи на зараза меѓу играчите што доведе да бидат одложени дури десет првенствени натпревари.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ