Каратистката Вероника Костовска и фудбалскиот ас Горан Пандев се најуспешните македонски спортисти за 2020 година

Од:

Агенцијата за млади и спорт вечерва на свеченост ги прогласи најуспешните македонски спортисти за 2020 година.

Добитници на наградите по категории се:

Најдобра млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате)

Најдобар млад спортист: Роберто Ацковски (карате)

Најуспешен спортист за лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах)

Најуспешен национален тим: Македонската фудбалска репрезентација

Најуспешен тренер/селектор: Игор Ангеловски (селектор на македонската фудбалска репрезентација)

Најуспешна федерација: Фудбалската федерација на Македонија

Најдобра спортистка: Вероника Костовска (карате)

Најдобар спортист: Горан Пандев (фудбал).

Во отсуство на Горан Пандев, наградата за најдобар спортист, премиерот Зоран Заев му ја врачи на братот на капитенот на репрезентацијата, Сашко Пандев.

Пандев поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот не беше во можност да допатува од Италија и лично да ја прими наградата во традиционалниот избор на Агенцијата за млади и спорт, спортските федерации и новинарите, и се обрати преку видео врска од Џенова.

– Жал ми е што не можам да присуствувам на оваа прекрасна вечер. Голема благодарност за наградата, која е заслуга на сите во репрезентацијата, а за мене ќе биде поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес, што за мене е светост“, порача Пандев.

Играчот за врска на Џенова вечерва стана само третиот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал, на кого му е врачена наградата спортист на годината, по легендарниот голман на Вардар, Драган Мутибариќ, во 1974 година, и македонската репрезентативка Наташа Андонова во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска

Повредата не е сериозна – Пандев ќе паузира една недела

А1он

Пандев: Ова ми е последна сезона, во јуни во пензија

Катерина Ѓуровски