Повредата не е сериозна – Пандев ќе паузира една недела

Од:

Горан Пандев ќе паузира една недела, поради повредата која ја доби на натпреварот со Порденоне. Легендата на македонскиот фудбал, го креираше пресвртот на Парма во второто полувреме, од 0:1, екипата на Пандев на крајот забележа победа 4.1.

Пандев, на овој меч, одигран во саботата, на теренот влезе на стартот од вториот дел. Тој го израмни резултатот во 55.минута. Поради повреда теренот го напушти во 71.минута.

Пандев го повредил мускулот, но повредата не е сериозна. Една недела ќе мора да одмори. Во овој период тој ќе ги пропушти натпреварите со Кремонезе и Тернана.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Гранде Пандев“ е легенда на Интер: Доби овации од фановите и подарок од клубот

Катерина Ѓуровски

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев ја завршува кариерата: Сакам да уживам со семејството

А1он

Пандев: Можеби погрешив што не се повлеков по Европското првенство

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Прв гол на Пандев за Парма

Катерина Ѓуровски

Парма му посака добредојде на „моќниот Македонец“ Горан Пандев

А1он