Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев ја завршува кариерата: Сакам да уживам со семејството

Од:

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер.

Пандев им се заблагодари на сите навивачи, претседатели, тренери со кои соработувал во неговата богата кариера.

– Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам.

Струмичанецот кој од рана возраст почна интернационална кариера во Италија, и со исклучок на само една сезона, остана таму до крај, сака во следниот период да се посвети повеќе на семејството.

– Мојот најстар син има скоро 13 години и во текот на неговиот живот често го гледав само во периодот на пауза помеѓу едно првенство и друго. Сега сакам да уживам со семејството.

Горан Пандев од Беласица на 18-годишна возраст замина во Интер. Играше уште за: Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма.

За македонската репрезентација има 122 настапа и 38 постигнати голови.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ