„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Од:

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе се одржи официјален настан за промоција на спортски саем, под мотото „Спорт за сите”.

Настанот, како што информираат од владината прес-служба, е инициран од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во рамки на проектот „Од знаење и образование до зајакнување и учество“ со фокус на промоција на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и практикување на пристап заснован на човекови права.

Во рамки на настанот, организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, ќе се одржи панел дискусија „Спорт за сите-можности и перспективи” на која присутните ќе имаат можност активно да дискутираат за овој општествено важен сегмент.

Како што посочуват од Владата, на саемот ќе се презентираат можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и спортски клубови, како и практично демонстрирање на спортските дисциплини пред посетителите, преку обиколка на промотивните штандови, кои ќе бидат поставени во спортската сала.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он

Косовски министер за спорт: Наскоро одлука за забрана на српски паралелни спортски активности

А1он

На масовните натпревари и маратоните во Грција само пет проценти од учесниците може да бидат невакцинирани

А1он