Пари Сен Жермен се вклучи во трката со Реал Мадрид за ангажман на голгетерот и капитен на Интер, Маури Икарди и е подготвен да понуди 110 милиони евра, пишува „Кориере дело Спорт“.
Парижаните ќе му дадат 40 милиони евра на Аргентинецот за петгодишен договор и улогата да го замени Единсон Кавани, чие заминување е се поизвесно поради несогласувањата со првата ѕвезда на клубот, Нејмар.
Сепак, ваквата понуда е пониска од она на Реал, која нуди повеќе од пет милиони евра и 30 до 50 отсто приходи на Икарди.
Интер полека го ја трпеливоста со Икарди, особено поради честите барања на неговата сопруга и агент Ванда Нара за подобрување на финансиските услови и во следниот временски период ги разгледува сите понуди.
Икарди е во Интер од 2013 година кога дојде од Сампдорија и наскоро стана лидер на тимот.