(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Од:

Џанлуиџи Буфон, легендарниот голман на Парма беше во солзи по неуспехот на неговата Парма која не успеа да обезбеди место во италијанската Серија А.

По ремито без голови против Каљари во плеј-офот за пласман во највисокиот ранг, Парма и во следната сезона ќе биде дел од Серија Б. Буфон не можеше да ги задржи емоциите пред навивачите по болната елиминација.

Буфон поради повреда не бранеше на решавачкиот меч.

Тимот од Сардинија го доби првиот натпревар (3:2) и се пласираше во финалето, каде со Бари ќе решава за последниот учесник во Серија А за следната сезона.

Џанлуиџи Буфон (45) е еден од најголемите голмани на сите времиња. Во богатата кариера, покрај за Парма, одигра 16 сезони за Јувентус, а една мина и во Пари Сен Жермен.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Џанлуиџи Буфон е новиот тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација

Легендарниот голман реши да се пензионира на 45 години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

Буфон: ПСЖ има тим со кој може да ја освои на Лигата на шампионите