Легендарниот голман реши да се пензионира на 45 години

Од:

Еден од најдобрите голмани на сите времиња Џанлуиџи Буфон реши да стави крај на професионалниот ангажман.

Пензионирањето дојде на 45 години и во голем стил – на местото каде што ја започна својата кариера во Парма.

Буфон ќе има со што да се пофали во пензионерските денови.

Тој дебитираше за првиот тим на Парма на 17 години во 1995 година и играше шест сезони. Бранеше на 220 натпревари и учествуваше во освојувањето на три трофеи, Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Купот на УЕФА.

Следуваше потег во кариерата – во 2001 година, тој се приклучи на Јувентус, каде што остана неверојатни 17 години. Тој остана и кога многумина си заминаа за време на Калчополи и испаѓање во Серија Б, а по една година во ПСЖ се врати во редовите на Старата дама уште две години.

Во Торино одигра 685 натпревари, освои пет Купови на Италија и шест италијански Суперкупови, но немаше среќа да ја освои Лигата на шампионите, иако со Јувентус играше во три финалиња.

Во тој период, сепак, го доживеа најубавиот момент во дресот на италијанската репрезентација, кога станаа светски шампиони, а Буфон беше еден од најважните членови на тој тим (2006 година).

Со Пари Сен Жермен ја освои шампионската титула во 2019 година, а последните две сезони бранеше за својата Парма во Серија Б.

Би можело да ве интересира

Џанлуиџи Буфон е новиот тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Буфон: ПСЖ има тим со кој може да ја освои на Лигата на шампионите

Буфон се врати во Парма

Ана Ололовска

Буфон се договорил со Парма

Ана Ололовска

Буфон го освои својот последен трофеј со Јувентус

Ана Ололовска