ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

Од:

Илјадници навивачи ги пречекаа француските фудбалери на Плас де ла Конкорд во Париз во понеделникот вечерта, откако беа поразени на пенали од Аргентина во финалето. На плоштадот владееше одлична атмосфера, кога играчите и тренерот Дешан се појавија на балконот од хотелот „Кријон“.

Репрезентативците ја поздравија публиката, која вееше француски знамиња и извикуваше „Благодарам, триколори“. Француската репрезентација два часа порано пристигна во Париз од Доха.

Капитенот на Франција Уго Лорис беше воодушевен од поддршката на навивачите и покрај поразот во финалето.

„Ова е можност да ги поздравам навивачите и да им се заблагодарам за поддршката и покрај поразот во финалето. По болката што ја доживеавме вчера, дојдовме да бараме утеха од нив“, изјави Лорис за францускиот ТВ канал TF1.

Тој истакна дека работата мора да продолжи.

„И покрај околностите и многу работи што се случија пред и за време на турнирот, останавме обединети и ја покажавме силата на групата. Мислам дека Французите се препознаа преку овие вредности. Мора да продолжиме да работиме“, додаде Лорис.

Францускиот напаѓач Оливие Жиру изјави дека „овие моменти треба да се живеат како да се последни во животот и да се ужива во нив“.

„Ќе се прегрнеме и ќе одиме на одмор да ги наполниме батериите. „Тешко е да се разделиме со овие момци, бидејќи последниот месец и половина го поминавме како семејство“, рече Жиру.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска

Покетино: Се надевам дека Мбапе ќе остане во ПСЖ долго време

Ана Ололовска