Ибрахимовиќ ќе паузира еден натпревар по црвениот картон против Парма

Од:

Дисциплинската комисија на Серија А му изрече денеска суспензија од еден натпревар на напаѓачот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, поради црвениот картон што го доби минатиот викенд на мечот против Парма.

Ибрахимовиќ доби и дополнителна парична казна во износ од 5.000 евра поради „провокативен став и непочитување“ кон главниот судија на натпреварот, објавија италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ доби директен црвен картон во 60 минута, а неговиот тим на гостувањето на крајот забележа победа од 3:1 и покрај тоа што последните половина час од мечот ги одигра со играч помалку.

Шведскиот напаѓач, поради суспензијата, нема да може да му помогне на Милан на мечот против Џенова на домашен терен.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ