И Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами

Од:

Светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, кој ќе започне следната недела.

– Одлучив да го искористам ова драгоцено време да бидам дома со моето семејство. Имајќи ги предвид сите ограничувања, треба да најдам рамнотежа помеѓу времето на турнеја и домашното време, ја објасни својата одлука шампионот на Австралија опен.

Така, на турнирот во Мајами ќе недостасуваат Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Доминик Тим.

Од најдобрите 5, таму ќе играат само Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Турнир од Мастерс серијата ќе се одржи без барем еден играч од „Големите тројца“, првпат по Париз 2004 година. Оттогаш се одржаа 138 натпреварувања во оваа категорија, а Федерер, Надал и Ѓоковиќ освоија 95 титули во нив.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ