Хаџиристески: Новиот претседател на ФФМ ќе има поддршка од власта

Од:

Досегашниот претседател на ФФМ за А1 кажа дека заминувањето била негова лична одлука.

„Не можам да кажам дали имало или немало притисок. Одлучив да биде тоа лична моја одлука, за која не можам да жалам. Илчо Ѓорѓиоски е млад човек кој ќе биде подржан од владеачката гарнитура, кој што можеби ќе добие поголеми бенефити и услови од мене. Илчо е тренер на Вардар, Вардар е под капата на градот и не е многу скришно за да не знаеме дека ќе ја има максималната подршка. Со самото тоа што го води Вардар се знае која е релацијата. Вардар е веќе државен тим. Само едно се прашувам како ќе работи, бидејки функцијата претседател на ФФМ е волонтерска. Јас благодарение на моите приватни фирми, средства до овој момент од фудбалската федерација не сум користел. На новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ќе му треба многу време да ги воспостави релацииите, кои ги имам воспоставено со ФИФА и УЕФА, бидејки член на комисии во ФИФА ќе бидам до 2016 година. До сега сум успеал да внесам десет членови на комисии во УЕФА и нашето лоби сега таму е доста големо. Кога јас дојдов за претседател на ФФМ, немавме ниту еден член во комисиите вели Хаџристески.

Хаџристевски вели дека негова работа била да обезбеди најдобри услови за репрезентацијата за да може да го одигра натпреварот, а успехот не зависел од него.

„Спиеле и престојувале во најлуксузните хотели како што се Кемпински во Москва, во Манчестер. Немале ништо полоши услови од англиската репрезентација или други вели Хаџи Ристевски. ФФМ егзистира исклучиво само од средства кои ги добива од ФИФА и УЕФА. Во овие 10 години од државата немам видено ниту еден денар. Но не можам да ја запоставам соработката во делот на обезбедување локации, ослободување од комуналии и тоа е подршка. Жалосно е што не можевме да обезбедиме спонзор за репрезентацијата, бидејки игрите со осцилации и кога ние ќе постигневме некој успех, кога ќе се заинтересираа спонзорите во еден момент паѓаше се во вода бидејки ќе изгубевме од некој слаб противник“, вели Хаџиристески.

Според него, фудбалската репрезентација најголемиот успех го имала со Катанец.

„Најголемиот успех го имавме со Катанец, иако тоа му го препишуваа на Ѓоко Хаџиевски. Статистичките показатели и во ФИФА, тоа го покажуваат.46 место бевме со Катанец. Но неговиот германски начин на работа не им одговараше ниту на нашите новинари ниту на фудбалерите, бидејки сакаа поопуштени да бидат“, вели Хаџристески.

„По моето доаѓање на чело на федерацијата, ФФМ беше во голем финансиски колапс. Можам да кажам дека тогаш репрезентацијата патуваше со средства од мојата приватна фирма. Беше голем срам да не можат да се обезбедат средства репрезентативците да не можат да го одиграат натпреварот во Турција. Потоа почнавме да ја санираме финансиската ситуација. Не постои ниту еден проект кој е предложен од страна на ФИФА и УЕФА, а ФФМ да не го има реализирано додава Хаџристески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ