Ѓоковиќ преку Нишикори до полуфинале на Австралија Опен

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ избори учество во полуфиналето на Грен слемот Австралија Опен, откако денеска во четвртфиналето убедливо во три сета го победи Кеи Нишикори од Јапонија.

Србинот на својот противник во првиот сет му препушти три гема (6:3), во вториот беше уште поубедлив и го доби со 6:2, а најнеизвесно беше во третиот сет кој заврши 6:4.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде Роџер Федерер (Швајцарија) кој утрово во три сета го совлада Томаш Бердих (Чешка).

Другата полуфинална двојка ќе биде позната утре по мечевите

Давид Ферер – Енди Мареј и
Гаел Монфилс – Милош Раониќ.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари