Ѓоковиќ нема да игра во Монтреал

Од:

Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот од „Мастерс“ серијата во Монтреал во август, откако ќе си даде пауза по победата на „Вимблдон“ претходно овој месец.

Во Лондон, Србинот ја освои својата 16-та Гренд-слем титула по епскиот финален меч од Роџер Федерер, освојувајќи го тајбрејкот во решавачкиот петти сет.

– Жал ми е што ќе го пропуштам Роџерс Купот. Заедно со мојот тим, решивме дека на моето тело му треба подолг одмор пред да се вратам на теренот. Ја сакам Канада и имам многу пријатели таму, кои секогаш ме тераат да се чувствувам како дома. Не можам да дочекам да се вратам и да играм повторно пред публиката во Монтреал, пишува Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Монтреал и Торонто се менуваат како домаќини на „Мастерсот“ во Канада, а Ѓоковиќ ја освоил титулата двапати во секој град.

Друг играч отсутен од овогодишниот турнир ќе биде Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кој се опоравува од операцијата на коленото.

Ришар Гаске и Михаил Кукушкин ќе ги окупираат двете слободни места во главната шема.

„Роџерс Куппт“ започнува на 5-ти август.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари