Ѓоковиќ има двојник, а не се видел со него

Од:

Роден е на 25. мај, Новак Ѓоковиќ на 22. мај. И тој е спортист, ама сака фудбал. Насекаде го застануваат да се сликаат со него и да им даде автограм.

Ненад Чокован од белградската населба Борча премногу наликува на тенисерот Новак Ѓоковиќ.

„Луѓето ми приоѓаат, бараат да се фотографираат со мене и не веруваат дека не сум Новак. Кога ќе излезам во некој клуб, сите во мене гледаат. Девојките трчаат по мене, мислејќи дека сум Новак Ѓоковиќ“, вели Чокован.

Ненад, инаку фудбалер од клубот ПКБ Ковилово, тренира веќе 20 години, порано бил професионалец, сега тренира аматерски. Вели дека помеѓу него и Новак сепак постојат разлики.

Ненад е „откриен“ пред пет години, кога Ноле стана сензација. Соседите и него го викаат Ноле , а често на шега му префрлаат како играл на последниот турнир.

Никогаш не се запознал со тенисерот, но верува дека и тоа ќе се случи.

 

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари