Ненад Чанак: Без целосна автономија Војводина ќе загуби се

Од:

Лидерот на Лигата на социјалдемократите во Војводина (ЛСВ) Ненад Чанак ја обвини централната власт во Србија дека нема никакво чувство за опстанокот на Војводина, бидејќи долговите на Републиката кон покраината изнесуваат 100 милијарди динари (околу 880 милиони евра), што е еднакво на два буџета на Војводина.

– Забележлива е тенденцијата за отстранување на институциите на Војводина, бидејќи тие се користат за приватни цели од одделни лица од раководството на покраинската власт. Имено, поради тоа ЛСВ уште повеќе ќе го зајакне своето дејствување и ќе тргне во офанзива, изјави Чанак на прес-конференција во Суботица.

Тој предупреди дека денес во Војводина 90.000 луѓе живеат од различни видови на државна помош, 11.000 лица се хранат во народни кујни, од кои 1.500 се деца, како и дека Војводина веќе втора година по ред се смета за недоволно развиена област во Србија, каде Белград е единствениот развиен регион.

– Сосема е јасно е дека без децентрализација, без автономија на Војводина, која треба да има законодавна, извршна и судска власт, право на имот и сопствено собирање на даноци, покраината ќе загуби се што создале претходните генерации, нагласи Чанак.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија