ВИДЕО: Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот

Од:

Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност.

Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот.

– Тие се згрижени, стабилни се, а лекувањето продолжува, за што секако ќе биде потребно време, додаде Стојичиќ.

– Во најтешка состојба е еден пациент, Стојичиќ.

Во Србија се згрижени 29 тешко повредени лица и се наоѓаат во четири здравствени домови – Воената болница и Клиничкиот центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Актерите на „Ателје 212“ бараат оставка од Љубиша Ристиќ

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“