Франција прв финалист на Дејвис купот

Од:

Тениската репрезентација на Франција е првиот финалист оваа сезона во Дејвис купот, откако во полуфиналето против Србија го освои и третиот поен.

Решавачкиот поен за „триколорите“ го донесе Жо Вилфред Цонга откако во првиот денешнен сингл меч го победи Душан Лајовиќ.

Тенисерот од Србија добро го почна мечот и го доби првиот сет со 6:2, но следуваше пресвртот на Цонга. Тој ги доби следните три сета со 6:2; 7:6 (7:5) и 6:2 за конечни 3-1 во сетови и 3:1 во мечот за Франција.

Нивни ривал во дуелот за титулата ќе биде победникот од второто полуфинале Белгија – Австралија. Гостите од Австралија водат со 2:1 во добиени мечеви, а во денешниот прв сингл меч играат Давид Гофан против Ник Кириос.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ