Федерер прв полуфиналист на Австралија Опен

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер експресно се пласира во полуфиналето на Австралија Опен. Тој утрово во три сета го победи Томаш Бердих (Чешка) со 3-0, по сетoви 7:6 (4), 6:2 и 6:4.

За Федерер ова беше 80.победа во Мелбурн и вкупно 39-то Гренд слем полуфинале.

Во 9 часот и 15 почнува вториот денешен четвртфинален дуел, во него ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија) – Кеи Нишикори (Јапонија). Победникот ќе му биде противник на Федерер во полуфиналето.

Другата полуфинална двојка ќе биде позната утре по мечевите

Давид Ферер (Шпанија) – Енди Мареј (Велика Британија) и
Гаел Монфилс (Франциај) – Милош Раониќ (Канада).

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари