Федерер објасни зошто ќе игра на земја сезонава

Од:

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер изјави дека одлуката да се врати во турнирите на земја не е поврзана со евентуален крај на неговата кариера.

Поранешниот број 1 во светот не е играл на земја од 2016 година, но потврди учество на турнирот во Мадрид во мај. 37-годишниот Федерер ја пропушташе сезоната на земјени терени во последните години, за да зачува сили за брзите подлоги, на кои има најмногу успеси.

– Тоа што ќе се вклучам во Мадрид, не значи дека планирам да завршам со мојата кариера или повеќе да не играм на земја. Воопшто не сум размислувал во оваа насока, кога најавив учество. Само сега чувствувам дека моето тело е подготвено за игра на земја. Овие турнири се вклопуваат во мојот распоред, затоа и го зедов тоа решение. А и не сакам да правам премногу голема пауза, за да го зачувувам ритамот за вториот дел од сезоната,про коментира Федерер.

Тој додаде дека целосно е подготвен да се префрли од тврдите терени на земја, а потоа на трева, за на крајот повторно да се врати на тврда подлога.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари